Skip to main content

Macedonian (Македонски)

Ние помагаме да се разрешат поплаки за услугите за телефон или интернет.

Ние даваме бесплатни и независни услуги. Тоа значи дека вие не плаќате, а ние не заземаме страни.

Правобранителот за телекомуникациска индустрија (Telecommunications Industry Ombudsman) може да помогне во врска со:

  • Договори: Дали сте се согласиле за нешто што не сте го добиле?

  • Сметки: Дали мислите дека вашата сметка не е точна или имате проблеми да ја платите?

  • Дефекти и тешкотии со услугата: Дали вашата телефонска или интернет врска не работи?

  • Исклучувања: Дали вашиот телефон или интернет се исклучени?

  • Наплата на долг: Дали ви е побарано да платите долг што не е ваш?

  • Продажна пракса: Дали ви бил продаден план или опрема што не можете да ги платите?

Како соработуваме со вас и со давателите на услуги

Ако вие или лицето во чие име се јавувате користи телефон или интернет, може да ви помогнеме. Тоа може да биде услуга што се користи дома или во мал бизнис. Еве како тоа функционира:

  1. Вие се обидувате поплаката да ја разрешите со вашиот давател на услуги.

  2. Ако поплаката не можете да ја разрешите со вашиот давател на услуги, јавете нѝ се.

  3. Ние одлучуваме дали можеме да се ангажираме околу поплаката.

  4. Ние соработуваме со вас и со давателот на услуги за да ја разрешиме поплаката.

  5. Ако вие и давателот на услуги не можете да најдете решение, правобранителот (Ombudsman) може да одлучи како да се разреши поплаката.

Некој би можел да ви помогне

Може да побарате некој друг да поднесе поплака во ваше име или во име на вашиот бизнис; на пример пријател, роднина или финансиски советник. Побарајте обрасци за овластување по телефон или најдете ги на нашата интернет страница.

Јавете нѝ се

Поплака може да поднесете преку нашата интернет страница на www.tio.com.au/complaints или по телефон на 1800 062 058.

Поплаката може да ја пратите како писмо на адреса PO Box 276, Collins Street West, VIC 8007 или по факс на 1800 630 614.

На илустрацијата се прикажани две фигури лево и десно, и една во средина. Знак за еднакво стои меѓу фигурите лево и десно, и фигурата во средина.

Ако треба да користите јазик кој не е англиски, јавете се на Службата за преведување и толкување на 131 450 и тие ќе ви помогнат да разговарате со нас. Нивните услуги се бесплатни.

Повиците на горенаведените броеви од мобилни телефони може да ви бидат наплатени.