Skip to Navigation Skip to Content Read about Accessibility on the Telecommunications Ombudsman website

Macedonian

 

Информативен лист за TIO

 

Што е Народен правобранител за телекомуникации (TIO)?

TIO е бесплатна услуга која е воведена да им помогне на лицата кои не се во состојба да ги решат проблемите кои ги имаат со компаниите кои им нудат телефонски и Интернет услуги.

Сепак, пред да ни се јавите, мора да се обидете да најдете решение по вашата жалба со компанијата што ви нуди услуги.

Што можеме да испитуваме

TIO може да разгледува жалби во врска со мобилни и фиксни телефони, како и Интернет услуги кои се однесуваат на:

  • наплаќање на сметки (вклучувајќи погрешни планови, неправилни наплати, доцнење во доставување на сметките)
  • проблеми со претплатени услуги за примање и праќање пораки преку мобилни телефони (ако не можете да ги запрете)
  • дефекти и квалитет на услуга
  • доцнење во поврзувањето
  • наплаќање на долгови (вклучувајќи тешкотии при плаќање според планови и неплатени сметки)
  • договори (вклучувајќи неправедни или нејасни услови).

Што не можеме да испитуваме

Не можеме да разгледуваме жалби во врска со:

  • проблеми за кои сте знаеле повеќе од две години пред да не контактирате (во некои случаи, овој период можеме да го продолжиме на шест години)
  • државни правила за телекомуникации
  • опрема за телекомуникации во приватна сопственост (вклучувајќи целосно исплатени мобилни телефони или компјутери)
  • видовите на услуги, на пример, тоновите на ѕвонење или Интернет страниците кои можат да се користат според претплатата на мобилниот телефон
  • цените кои компаниите ги наплаќаат за нивните услуги и производи
  • работи кои биле сослушани (или за кои е закажано да бидат сослушани) на суд или пред трибунал.

Преведување

Ако ви е потребен преведувач, телефонирајте на 131 450. Оваа услуга е бесплатна. Исто така, ако не се чувствувате сигурни кога комуницирате на англиски јазик, можете да овластите некое друго лице да поднесе жалба во ваше име до TIO.

Како да ги контактирате во TIO
Бесплатен повик: 1800 062 058*
TTY (за лица со оштетен слух или говор): 1800 675 692
 
По писмен пат преку:
Бесплатен факсимил: 1800 630 614
Електронска пошта: tio@tio.com.au
Пошта: PO Box 276
  Collins Street West Vic 8007

* Повиците од мобилни телефони може да се наплаќаат, и тоа по различни цени, во зависност од компанијата што ви нуди услуги. Кажете ни ако се јавувате од мобилен телефон и ние ќе ви се јавиме.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Excess data usage

Brenda - Case Study

The owner of a small pharmacy contacted us after getting billed more than $8,000 for going over her internet usage limit.

Next step?